Утрински Весник
Македонија

Лукашенко тврди дека напаѓачите од Москва прво се обиделе да побегнат во Белорусија

Lukashenko.webp.webp

Претседателот на Белорусија – Александар Лукашенко денеска изјави дека напаѓачите кои во петокот убија повеќе од 130 луѓе во Москва прво се обиделе да побегнат во Белорусија.

„Не можеа да влезат во Белорусија. Кога го сфатија тоа, ја променија рутата и тргнаа кон руско-украинската граница“, рече Лукашенко.

Путин вчера изјави дека напаѓачите кои убија повеќе од 130 луѓе во концертна сала во близина на Москва се „радикални исламисти“.

Тој во текот на викендот појасни дека четворица од напаѓачите биле уапсени додека се обидувале да побегнат во Украина, а во тоа време не го спомна авганистанскиот огранок на терористичката група Исламска држава, ИСИС-К, која ја презеде одговорноста за нападот.

Можете да прочитате

Мигрант пронајден починат во Мрзенци

ДКСК откри пет функционери со двојни функции, ќе се бара откажување од една од нив

Уапсен велешанец кој возел мотоцикл на игралиште, мотоциклот е одземен, следуваат пријави