Рускиот претседател, Владимир Путин, и неговиот белоруски колега и близок сојузник, Александар Лукашенко, ги пофалија придобивките од соработката на нивните земји за време на првата посета на Путин на Минск од 2019 година.
Лукашенко, кој во еден момент го нарече Путин „постар брат“, ја пофали Русија како пријател кој подаде рака, снабдувајќи ја Белорусија со нафта и гас по намалени цени.
„Русија може без нас, но ние не можеме без Русија“, рече тој.
Белорускиот лидер навести дека двете земји се договориле за нова цена за снабдување со руски гас, но одби да прецизира која е цената пред неговата влада да разговара за тоа.
Рускиот претседател рече дека Белорусија не е само добар сосед со кој соработуваат со децении, туку е најблизок пријател на Русија и сојузник.
„На крајот на 2021 година нашата трговска размена достигна раст од над 30 отсто, а од почетокот на специјалната операција соборивме нов рекорд и достигнавме трговска размена од речиси 40 милијарди долари. Исто така, градиме нови нуклеарни централи и развиваме нови нуклеарни блокови во електрани“, рече рускиот претседател во Минск.