Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Европските лидери се лудаци, тие само го разгоруваат пламенот

Лукашенко: Европските лидери се лудаци, тие само го разгоруваат пламенот

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изрази уверување дека граѓаните на европските земји сакаат да живеат во мир, но властите во тие земји не може „да го изгаснат пожарот во сопствениот дом“.

dobivaj vesti na viber

„Германија, (но и цела Европа) сега нема лидер, а и да има, не може да го изгаси пожарот ниту во својата куќа“, рече Лукашенко, пренесува „Танјуг“.

Лукашенко оцени дека Европејците не сакаат војна бидејќи доволно добро разбираат што се случува денес во Украина.

„Овде во Белорусија исто така се обидуваат да подметнат пожар. Утре цела Европа ќе биде запалена“, рече Лукашенко и порача дека Европејците треба да престанат со конфронтацијата што веќе резултира со конфликт на територијата на Украина.

Лукашенко ги опиша европските лидери како лудаци што го разгореа пламенот во регионот и не може „да му кажат ‘не’ на Вашингтон“.

Можете да прочитате

Чешките власти поднесоа обвинение против 32 лица за местење фудбалски натпревари

20.000 морнари се заглавени во Ормуската Теснина

Маж од Русија доби 4 години затвор – украл 40 рози