Утрински Весник
Свет

Лукашенко ќе има средба со Путин при посетата на Русија на 11 и 12 април

Picture 528 660x493 1.jpg

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ќе престојува во работна посета на Русија на 11 и 12 април поради разговори со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти денеска Кремљ. Страните планираат да разговараат за клучните прашања поврзани со идниот развој на билатералната соработка, вклучително и спроведувањето на одлуките донесени на состанокот на Врховниот државен совет на Унијата на државите Русија и Белорусија, се наведува во соопштението. Како што соопштија од прес-службата на претседателот на Белорусија, Лукашенко на 11 април ќе има тет-а-тет средба со Путин. Тие ќе разговараат за „соработката меѓу двете земји на различни полиња, како и за прашања кои бараат внимание на највисоко ниво, а фокусот ќе биде ставен на регионалната и меѓународната ситуација и начините на координирање на акциите за одговор на постоечките закани и предизвици“.н Прес-службата на претседателот на Белорусија соопшти и дека на 12 април се очекува двајцата претседатели да учествуваат на заедничка манифестација посветена на Денот на космонаутиката.

Можете да прочитате

Хамас вели дека се „подготвени“ за примирје во Газа по прекинот на огнот во Либан

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина

Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа