Утрински Весник
Свет

Лукашенко до Путин: Подготвени сме да произведеме авиони за напади на копнени цели

Лукашенко до Путин: Подготвени сме да произведеме авиони за напади на копнени цели

Белорусија е подготвена да произведе борбени авиони „Сухој СУ-23“ за напади на копнени цели бидејќи тие „се покажаа како ефикасни во Украина“, му рекол белорускиот претседател Александар Лукашенко на рускиот претседател Владимир Путин за време на нивната средба во близина на Москва, пренесува Си-Ен-Ен.

dobivaj vesti na viber

„Подготвени сме дури и да ги произведуваме во Белорусија доколку Руската Федерација ни даде одредена технолошка поддршка“, рече Лукашенко во резиденцијата на Путин во Нови Огариово, пренесе белоруската новинска агенција Белта.

Лукашенко рече дека Белорусија веќе произведува „илјада компоненти“ за руските патнички авиони „МЦ-21“ и „Сухој Суперџет 100“.

Според него, три белоруски фабрики – две воени и една цивилна, кои претходно се користеа за поправки, сега произведуваат компоненти за авиони.

Лукашенко, исто така, рече дека „нема шанси“ неговата земја да испрати војници во Украина доколку не биде нападната и додаде дека Русија „никогаш не побарала“ од него да влезе во заедничка војна со Русија во Украина.

Можете да прочитате

Трамп: ЦИА ми кажа дека врховниот лидер на Иран е геј

Девојка од Шпанија – жртва на групно силување во детството, ќе биде доброволно евтаназирана

Трамп откри каков подарок му дал Иран