Го прифатив предизвикот да бидам носител на листата во третата изборна единица зашто верувам во исправните политики на СДСМ.
Ние знаеме да носиме храбри и осмислени одлуки, и тоа го покажавме.
Работевме напорно и посветено за да стигнеме до преговори со Европската Унија.
Никогаш не сме биле поблиску, затоа треба да продолжиме храбро и единствено, за да го направиме последниот чекор. Најтешкиот, не чека многу работа, но тоа не не плаши, затоа што сакаме и ветивме иднина за сите нас.
Заедно со граѓаните поминавме три кризи. Со 9 пакети антикризни мерки не дозволивме никој да остане сам, никој не беше заборавен. И успеавме во исто време да ги зголемиме и платите и пензиите.
СДСМ не се откажува, ќе го штити достоинството на пензионерите.
Тоа се наши родители, нашиот штит, нашата поддршка кога е најтешко, секогаш со нас и во добро и во лошо.
Заслужиле и многу повеќе.
Затоа се обврзуваме на минимална пензија од 20.000 денари, а просечната пензија ќе биде 30 000 денари. Пензиите ќе се усогласуваат секој Јануари и Јуни, системски. Пензионерите нема да зависат од ничија милост, се им е заслужено и одработено, имаат право на спокоен живот.
Имаат право и на поголема институционална грижа, на тие што им треба. Потребни се повеќе и подостапни домови за стари лица. Предвидовме изградба на уште најмалку 12 нови.
Не чека уште многу работа, за подобра иднина на сите.
Затоа да останеме заедно и единствени. За да продолжиме да живееме достоинствено.
За да живееме така како што посакуваме сите, европски, во нашата Македонија.
Победата на СДСМ на овие избори, ќе биде победа на сите и за сите. И затоа не се откажуваме, ќе останеме заедно и заедно ќе ја славиме победата на европска Македнија.