Утрински Весник
Македонија

Лукаревска од Ресен: За СДСМ државата и граѓаните се пред сѐ, нашата иднина е европска

Лукаревска од Ресен: За СДСМ државата и граѓаните се пред сѐ, нашата иднина е европска

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска денеска учествуваше на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ која се одржа во Ресен. Пред присутните Лукаревска зборуваше за мерките и политиките што СДСМ преку Владата ги презема за надминување на последиците од економската и енергетската криза, како и за следните државни чекори.

dobivaj vesti na viber

„Благодарение на СДСМ, ние и во оваа најтешка зима во Европа и светот, не сме сами. Ги надминуваме последиците со сопствени сили и не се откажуваме и не бараме оправдувања. Затоа што за нас опстанокот на државата е многу поважен од рејтингот на партијата. За нас во СДСМ државата и граѓаните се пред се и над се и тоа е факт, тоа е вистина“ – порача Лукаревска.

Таа посочи дека СДСМ успеала да направи силен исчекор кон ЕУ и дека по 17 години чекање конечно државата ги започна преговорите со ЕУ.

„Тече скринингот со ЕУ, се скенира секоја област и добиваме позитивни коментари. Најважно е што целиот процес се одвива на официјален македонски јазик. Тргнавме кон Европа и назад нема“ истакна Лукаревска.

Можете да прочитате

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките