Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Лукаревска од Берово: До пониски цени на храната преку мерката на Владата за компаниите од прехранбената индустрија

Лукаревска од Берово: До пониски цени на храната преку мерката на Владата за компаниите од прехранбената индустрија
300x250 opst2

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, имаше свое обраќање на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ којашто се одржа во Берово.

dobivaj vesti na viber

„СДСМ се грижи за граѓаните и стопанството во време на најголема економска и енергетска криза. Со последната одлука на Владата обезбедуваме поевтина струја за компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи преку субвенционирање на цената од страна на државата. Оваа мерка двојно ја намалува цената на струјата со што директно ќе влијае на намалување на цените на основните прехранбени производи, маслото за јадење, лебот, брашното, млеко и млечните производи. Според првичните проценки намалувањето го очекуваме до 10%. Тоа значи пониски цени за граѓаните, односно заштита на нивниот животен стандард и куповна моќ“, рече Лукаревска.

Ова е уште една во низата владини мерки за помош и поддршка на граѓаните и стопанството во време на најголема светска економска и енергетска криза, додаде Лукаревска.

СДСМ, преку владата и институциите што ги предводи не остава никого сам во време на светска економска криза, грижата за сите продолжува. Струја и енергенси ќе има доволно, а државата ќе продолжи да субвенционира 80 отсто од сметката за струја за граѓаните и за 72.000 помали компании, рече заменик претседателката Лукаревска.

За само неколку месеци одвоени се 750 милиони евра за мерки за помош на граѓаните, што е околу пет отсто од БДП и најмногу како процент споредено со земјите од Западен Балкан, истакна заменик-претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во Берово на трибината на СДСМ под мотото „Силно и одлучно кон иднината“.

Можете да прочитате

Филипче: Над 45 реализирани проекти во Росоман, поддршка за Стојан Николов за да продолжи напредокот

Екс директорот на АЕК, Орданоски, ќе биде координатор за дигитализација во Мепсо

Поднесена кривична пријава против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола со кои е стекната противправна имотна корист во висина од 106.200.000 денари