Утрински Весник
Економија

Лукаревска: Ценовен шок за велигденските празници, Владата нема стратегија да се справи со кризата

Lukarevska izjava.jpeg

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во дебатната емисија „Топ тема” предупреди на сериозниот ценовен шок и растот на трошоците за живот, обвинувајќи ја Владата дека доцни со навремени и ефикасни мерки за справување со економската криза.

„Пет земји членки на Европската Унија сакаат да предложат данок на екстрадобивка за енергетските компании. А кај нас, кога зборуваме за основните прехранбени производи, сме шампиони, бидејќи имаме енормно покачување на цените. Имаме зголемување на лебот од 34 на 47,5 денари, зејтинот од 77,5 на 110 денари, јајцата од 220 на 290 денари, лимонот од 99 на 155 денари, а зелката од 19 на 55 денари. Зошто не се замрзнат цените и не се укине ДДВ-то?”, потенцираше Лукаревска.


Таа нагласи дека наместо да се најдат соодветни решенија и стратегии, има само импровизација.

„Значи, не се менаџира тој процес соодветно и затоа сега имаме енормно зголемување на цените, особено во пресрет на велигденските празници”, појасни Лукаревска.

Во однос на мерките, Лукаревска истакна дека Владата реагира задоцнето и без јасна стратегија.

„Дали се доволни тие мерки? Не. Дали се навремени? Не. Дали даваат одредена предвидливост? Не. Мислам дека се сеќава и јавноста и граѓаните дека СДСМ предложи неколку антикризни мерки кои сега се на дневен ред во Собранието. Значи, имаме три закони кои се на седница во Собранието во среда”, посочи Лукаревска.

Станува збор за законски решенија за намалување на ДДВ, намалување на акцизите и намалување на патарините, мерки кои директно ќе влијаат врз намалување на трошоците на граѓаните и компаниите.

„Овие мерки на СДСМ, максимално коректно таргетирани, особено во делот на основните прехранбени производи, ќе ја покажат својата ефективност ако владејачкото мнозинство во вакво тешко време да покаже желба”, рече Лукаревска.

Можете да прочитате

Божиновска на средба во Белата куќа со советник на Трамп и висок функционер од Националниот совет за енергетска доминација на САД

Работилница на Народната банка за државата и државните органи: Практични аспекти при вршењето плаќања преку СЕПА

СДСМ: Мерките на Мицкоски без ефект-дизелот пак поскапе на 98 денари!