Утрински Весник
Македонија

„Луфтханза“ ги намалува летовите до Скопје и други дестинации во регионот

20240125082343 Big 730x400 49

Германскиот авиопревозник „Луфтханза“ од мај годинава ќе го намали бројот на летови меѓу Скопје и Франкуфурт, како и до други дестинации во регионот, поради проблеми со моторите на дел од флотата авиони Ербас, што влијае на нејзиниот распоред на летови на средни дестинации, објави специјализираниот сајт за авијација „Exyuaviation“.

Компанијата соопшти дека ги откажува или намалува своите првични планови за проширување на операциите на пазарите низ поранешна Југославија.

Освен за Скопје, направени се намалувања на одредени услуги и за Белград, Љубљана, Загреб и Сараево.

Авиолинијата меѓу Скопје и Франкфурт, која беше воведена минатата година, од мај ќе биде намалена на осум лета неделно наместо сегашните десет неделни ротации.

Покрај услугите на поранешните југословенски пазари, „Луфтханза“ целосно ќе ги прекине и операциите од Франкфурт до Клуж-Напока, Темишвар, Фридрихшафен, Линц и Инсбрук, како и од Минхен до Лајпциг.

Вкупно, околу 100 неделни летови ќе бидат прекинати во летната сезона бидејќи 64 авиони во групацијата „Луфтханза“ се погодени од проблеми со моторите од производителот „Прат и Витни“.

Од „Луфтханза“ најавија дека во зависност од ситуацијата можни се и дополнителни промени на редот на летање.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме