Утрински Весник
Спорт

Лудница на „Вестфален“ откако Борусија во 94. минута израмни против Баерн!

Лудница на „Вестфален“ откако Борусија во 94. минута израмни против Баерн!

Во неверојатно драматична завршница, Борусија Дортмунд со гол во 94. минута успеа да извлече 2:2 реми против Баерн Минхен во првиот германски „класик“ оваа сезона, за да се израмнат со лутите ривали на делба на третото место на табелата во Бундеслигата.

dobivaj vesti na viber

Леон Горецка го отвори резултатот во 33. минута од мечот, а кога започна второто полувреме, во 53. минута, Лирој Сане ја продолжи својата одлична форма, со гол за 0:2 и најава за убедлива победа. Ова беше првпат Сане да постигне гол на три последователни натпревари за Баварците по неговиот трансфер од Манчестер сити.

Меѓутоа, Јусуфа Мукоко во 74. минута ја врати неизвесноста во мечот, пред Кингсли Коман да добие црвен картон во 90. минута, а „милионерите“ да тргнат во очајнички напади, кои на крајот во 94. минута им донесоа израмнување преку ветеранот Антони Модест.

По девет меча, Баерн се на третото место на табелата со место со 16 поени, колку што има и Борусија на четвртото место, а со еден поен пред нив се Унион Берлин и Фрајбург, кои имаат и натпревар помалку. За Борусија ова е прекинување на лошата серија против лутиот ривал, од кого загубија во претходните осум меча.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина