Утрински Весник
Македонија

“ЛУЦИФЕР” ДОНЕСЕ ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ, НО ЌЕ ДОНЕСЕ И СИЛНО НЕВРЕМЕ: Од утре (среда) атмосферата полека ќе се дестабилизира

E38d8efc 0c99 4988 8e86 Dc4af3247f1c Maxresdefault1.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани мои, и покрај екстремно топлиот бран “ЛУЦИФЕР” под чие влијание сме токму ние, но и целиот Балкан, веќе од утре (среда 14.8.2024)  во попладневните часови атмосферата полека ќе започне да се дестабилизира, па така локално ќе се создаваат услови за развој на грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради загреаната атмосфера која е исполнета со многу енергија  и тоа поради екстремно високите температури на воздухот и екстремно топлиот бран, локално процесите ќе бидат интензивни и застапени во форма на посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град, кој во ваква ситуација би можел да биде  и покрупен.

Апелираме во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја.

Што се однесува до температурите, како што кажав, тие остануваат екстремно високи и насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурите ќе надминуваат 40 степени, односно тие ќе се искачат до околу 41, 42 степени.

Постепено опаѓање на температурите се очекува од викендот кој доаѓа. Тогаш на повеќе места во попладневните  и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Исто така  на повеќе места  за време на викендот е можна појава на посилно невреме.

Можете да прочитате

Вечерва седница на ЦО на СДСМ, ќе се бираат членови на раководството

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација