Утрински Весник
Македонија

Лоши хигиенски услови во кујните, храна со поминат рок: Уништени 8,7 тони небезбедна храна по спроведените вонредни контроли во Дојран, Охрид, Струга и Преспа

Rucak Persun Restoran Meso Krompir.jpg

Инспекциски тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата недела (од 16 до 19 јули), спровеле вонредни заселени контроли во објекти и оператори со храна (хотели, ресторани, времени – кетеринг објекти,месарници и маркети) во туристичките центри Дојран,Охрид,Струга и Преспа.

Со контролите, како што соопшти АХВ, се проверувала имплементацијата на добра производствена и хигиенска пракса (ДПП/ДХП) базирана на НАССР принципите, инфраструктурните услови во објектите, а се спроведувале и контроли на активностите согласно регистрацијата на операторите со храна.

Во услови на високи надворешни температури, акцент со контролите бил ставен на условите на чување и складирање на производите и роковите на употребливост на храната.

„Со вонредните контроли во овие четири туристички центри опфатени беа 112 објекти -оператори со храна. Изречени беа 54 глоби на 54 оператори со храна, од кои на 8 оператори со храна им беше изречена забрана за работа до отстранување на констатираните недоследности. Со контролите утврдено беше неисполнување на општите и посебните хигиенски барања во сите фази на производство, преработка и дистрибуција на храна, неимплементирање на сите процедури на ДПП/ДХП базирани на НАССР принципите, храна со поминат рок на употреба, промет на храна без декларација и означување согласно Законот за безбедност на храна и подзаконските акти според кои ваквите производи се прогласуваат за небезбедни за човечка употреба и нештетно се уништуваат“, се потенцира од страна на АХВ.

Од страна на инспекторите за храна и официјалните ветеринари констатирана била и работа на објекти – оператори со храна кои не се регистрирани или одобрени за работа од страна на АХВ, поради што изречени биле мерки забрана за работа, а затекнатите производи биле забранети за промет и нештетно уништени. Утврдени биле и лоши инфраструктурни и хигиенски услови во кујните, производствените простории, за што некои оператори добле времена мерка забрана за работа.

„Од промет беа отстранети 8. 700 килограми небезбедна храна која беше нештетно уништена. Во наредниов период АХВ ќе продолжи со спроведување на вонредни контроли и во другите туристички центри, а поради високите температури, на сила останува мерката за засилени контроли кај операторите со храна на целата територија на земјава“, соопшти АХВ.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје