Утрински Весник
Балкан

Лончар: Од несреќата кај Младеновац во Ургентниот центар се примени 39 лица, шестмина задржани, еден починат

3894496 Untitled1recovered Ff.jpg

Министерот за здравство на Р.Србија, Златибор Лончар, изјави дека по сообраќајната несреќа на автопатот Белград-Ниш кај Мали Пожаревац (Младеновац), во Ургентниот центар во Белград се примени 39 лица, од кои шест се задржани на понатамошно лекување, а едно лице починало, јави дописникот на МИА од Белград. Лончар во гостувањето на ТВ Прва рече дека сите капацитети се насочени кон дијагноза на преостанатите пациенти кои се во шок, за да се утврди кој од нив останува на лекување, а кој може да оди на домашно лекување. Министерот изјави дека најголем број повреди во оваа сообраќајка има во пределот на главата и горните екстремитети. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, изјави дека несреќата најверојатно била предизвикана од одговорност на возачот на автомобилот. Утрово во 5 часот и 40 минути на пристапниот пат што води од Младеновац до автопатот и клучката Мали Пожаревац кон Белград, во судир на автобус на приградската линија 493 и џип „Волво“ загина возачот на патничкото возило. Транспортната компанија „Ласта Београд“ во врска со денешната сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш кај Мали Пожаревац соопшти дека, според информациите што ги имаат, до несреќата дошло кога патничко возило кое се движело во правец Белград-Младеновац преминало на спротивната лента и удрило во автобус на таа компанија. Како што се наведува, автобусот превезувал патници на автопатот на релацијата Младеновац – Белград.

Можете да прочитате

Конгрес на хотелиери на Хрватска: Хрватска поскапа од Албанија за 52 отсто

Сараево утрово прв на листата на градови во светот со најзагаден воздух, Скопје на четвртото место

Фрлени две рачни бомби во дворот на полициската станица во Звечан во северно Косово