Утрински Весник
Македонија

Локалните избори закажани за 19 октомври 2025 година – вториот круг на 2 ноември

Img 3671.jpeg

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска го потпиша актот за распишување на локалните избори, кои ќе се одржат на 19 октомври 2025 година.

Решението во текот на денот треба да биде објавено во „Службен весник“, со што официјално ќе започнат роковите за подготовка на изборниот процес. Денот на гласање во првиот круг е 19 октомври 2025 година, додека вториот круг, доколку биде потребен, ќе се одржи две недели подоцна – на 2 ноември.


Во првиот круг ќе бидат избрани новите состави на општинските совети, а за градоначалник ќе се смета дека е избран оној кандидат кој освоил мнозинство гласови, под услов на гласање да излегле најмалку една третина од запишаните гласачи во Избирачкиот список во конкретната општина. Доколку ниту еден кандидат не го исполни овој услов, ќе се одржи втор круг, во кој граѓаните ќе избираат меѓу двајцата кандидати со најголем број гласови од првиот круг.

Ова ќе бидат осми по ред локални избори од осамостојувањето на државата во 1991 година. Претходните седум се одржаа во 1996, 2000, 2005, 2009, 2013, 2017 и 2021 година.

Можете да прочитате

Се зголемува фреквенцијата на ГП “Блато” кај Дебар, само вчера за минале над 7,4 илјади патници

ЦУК: Три активни пожари, два се изгаснати

МВР за насилството на началникот во Демир Хисар: Преземаме соодветни мерки