Утрински Весник
Македонија

Локализиран е пожарот на планината Беласица

20241111094307 Big 730x400 54.webp.webp

Големиот пожар кој избувна вчера попладне на планината Беласица на тешко достапен терен, веднаш над селото Смоларе, е локализиран и е ставен под контрола, информираа од ТППЕ Струмица.

Според командирот Александар Гудев, била зафатена високостеблеста шума на поголема површина, а во гаснењето на пожарот покрај пожарникари учествувале и тимови на „Македонски шуми“.

– Пожарот е локализиран и ставен под контрола и во текот на денешниот ден ќе се направат напори за негово целосно ликвидирање, изјави Гудев.

Според него засега догорува лисна маса, а во текот на измината ноќ екипа на ТППЕ Струмица составена од седум пожарникари и две против пожарни возила го гаснела пожарот и не дозволила негово проширување.

Можете да прочитате

Од 1 декември построги медицински критериуми за боледување

Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата

Левица: ДПМНЕ го врати феудализмот – работниците во ЈП „Национални шуми” спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15