Утрински Весник
Македонија

Лога – Тигањ: Уставните измени ќе отворат можност за успешен почеток на преговорите

Лога – Тигањ: Уставните измени ќе отворат можност за успешен почеток на преговорите

Потребен е широк консензус за европскиот реформски пат кај сите политички партии, и од власта и од опозицијата. На денешната средба на министерот за правда, Кренар Лога, со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ, се разговараше за процесот на уставните измени и преземањето одговорност при носењето на одлуката со која ќе ни се отвори патот кон големото европско семејство. Ова е неповратен процес, кој нема алтернатива.

dobivaj vesti na viber

На средбата беше посочено дека Преспа-форумот за дијалог, кој ќе се одржи на 15 и 16 јуни во Струга, а на кој ќе присуствуваат високи меѓународни претставници, меѓу кои и претседателот на Хрватска и министерот за надворешни работи, ќе биде добра основа за продлабочување на меѓусебната соработка, зацврстување на стратешките партнерства, европската и евро-атлантската перспектива на регионот.

Лога и Тигањ дискутираа и за предизвиците со кои се соочуваат компаниите од Хрватска, кои инвестираат во нашата држава, и за отворањето нови работни места.

Билатералната соработка ќе се интензивира преку иницирање заеднички напори за реализација на проекти преку кои ќе се пренесат знаењето и вештините за европските практики.

Можете да прочитате

ВЛЕН: ДУИ инструментализира уште едно прашање кое самата го остави како заложник!

Околу 65 килограми марихуана запленети кај Градско, истрага против две лица

Утре протестен марш за полагање правосуден испит на албански јазик