Утрински Весник
Македонија

Лога – Агелер: САД се силни поддржувачи на нашиот европски пат и на реформите во правосудството

Лога – Агелер: САД се силни поддржувачи на нашиот европски пат и на реформите во правосудството

Министерот за правда, Кренар Лога, оствари средба со амбасадорката на САД во земјата, Анџела Агелер, на која се разговараше за соработката со САД како стратешки партнер во областите поврзани со реформите во правосудството, законодавната агенда, борбата против корупцијата. Министерот Лога рече дека дигитализацијата во правосудството е клучен процес за зајакнување на капацитетите, одговорноста и професионалноста на судиите и јавните обвинители.

dobivaj vesti na viber

Министерот Лога ја информира амбасадорката Агелер за процесот на формирање работна група за уставните измени и очекувањата опозицијата преку свои претставници да даде свој придонес во процесот кој е од исклучително значење за евроинтеграциите.

Во однос на ветингот, министерот Лога посочи дека тој може да се реализира само со поддршка на САД и ЕУ. Амбасадорката Агелер беше запознаена и со состојбата во затворите и монтираните судски случаи.

На состанокот беше истакната новата стратегија за реформа во правосудниот сектор 2023-2027 година, која е фокусирана на подобрување на состојбите и јакнење на капацитетите, со што ќе се обезбедат услови за стабилно и непречено спроведување на зацртаните реформи.

Министерот за правда, Кренар Лога, и амбасадорката Агелер се согласија да се интензивира соработката помеѓу земјите во насока на обезбедување стабилност и услови за спроведување на реформите.

Можете да прочитате

Министерот за животна средина отсутен, новинарите го бараа на вонредниот пресс

‘Дали ми е срам? Не’ вели Тошковски за катастрофалните пожари

Тошковски: Три лица повикани на информативен разговор по пожарот во Трубарево