Утрински Весник
Свет

Лиз Трас откри што ќе направи прво ако утре стане британски премиер

Лиз Трас откри што ќе направи прво ако утре стане британски премиер

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас, која утре се очекува да биде именувана за нов премиер, изјави дека во првата недела на власт ќе започне акција насочена кон решавање на проблемот со зголемување на сметките за струја и зголемување на снабдувањето со енергија.

dobivaj vesti na viber

Се очекува владејачката Конзервативна партија утре да ја именува Трас за нов лидер и премиер, во време кога земјата се соочува со можна продолжена рецесија, висока инфлација и незадоволство на работниците, наведува „Ројтерс“.

Во колумна во „Сандеј Телеграф“, Трас рече дека разбира дека големите трошоци за живот ги предизвикуваат Британците и додаде дека ќе преземе „одлучна акција за да им овозможи на семејствата и бизнисите да ја поминат и оваа и следната зима“.

„Сандеј тајмс“ цитираше извори од Министерството за финансии дека нејзиниот план лесно може да надмине 100 милијарди фунти (115 милијарди долари), од кои повеќето ќе бидат додадени на задолжувањето на државата.

Трас одби да зборува за деталите од плановите, објаснувајќи дека не е соодветно да навлегува во нејзината стратегија пред да ја преземе премиерската функција.

Таа изјави дека нејзиниот пристап ќе биде двоен: ќе започне итна акција за решавање на кризата околу трошоците за живот, како и план за постигнување економски раст. Нејзиниот план е да формира Совет на економски советници, со цел да ги добие најдобрите идеи за економијата.

 

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени