
Кандидатот за градоначалник на Општина Бутел, Ливриниќ, најави конкретни мерки и инвестиции со кои населбата Скопје Север ќе стане современо, уредено и безбедно место за живеење.
„Сакам Скопје Север да биде место каде што сите ќе сакаме да живееме. Ќе изградиме пешачка и велосипедска патека за безбеден и активен транспорт, како и Центар за спорт и рекреација – простор за здрав живот и забава за сите генерации,” изјави Ливриниќ.
Во нејзината програма се предвидува и:
Поддршка за енергетски ефикасни фасади и замена на покриви на колективните згради – за убав изглед и помала потрошувачка на енергија.
Катни гаражи кај Средното економско училиште и зад мини трговскиот центар – за повеќе простор и помал метеж.
Фотоволтаично осветлување на влезовите во зградите – чиста енергија и безбедност за граѓаните.
Маркирани паркинг-простори – ред и удобност за сите.
Реконструкција на пристапните патеки – за безбедно движење на пешаците и возилата.
„Скопје Север заслужува нова енергија и вистинска грижа. Ќе вложиме во проекти што го прават животот полесен, поудобен и посигурен,” додаде Ливриниќ.