Утрински Весник
Спорт

Ливраменто нов играч на Њукасл

Ливраменто нов играч на Њукасл

Фудбалскиот клуб Њукасл објави дека Тино Ливраменто е нов играч на клубот.

dobivaj vesti na viber

Ливраменто потпиша петгодишен договор, а според британските медиуми трансферот е вреден 32 милиони фунти.

Поранешниот дефанзивец на Саутемптон присуствуваше на победата на Њукасл од 4:0 над Виљареал на „Сент Џејмс Парк“ во неделата.

20. годишниот фудбалер е третото засилување за Њукасл оваа сезона, откако менаџерот Еди Хау ги донесе Сандро Тонали од Милан и Харви Барнс од Лестер.

Можете да прочитате

Спортот станува клучен дел од новата стратегија за дијаспората 2026–2030

Жељко Обрадовиќ си заминува од клупата на Партизан

Олимпискиот оган од античка Олимпија тргна кон Милано и Кортина за ЗОИ