Утрински Весник
Спорт

Ливерпул тргнува по тандемот на Ајакс

Ливерпул тргнува по тандемот на Ајакс
Dik 300x250 mk

Англискиот премиерлигаш Ливерпул на лето ќе тргне во шопинг во Холандија. Цел на „црвените“ се двајца фудбалери на холандскиот шампион Ајакс.

dobivaj vesti na viber

Според „Скај Германија“, Ливерпул е заинтересиран за централниот дефанзивец, Јуриен Тимбер, и за играчот за врска на Ајакс, Едсон Алварез. Двајцата се столбови во играта на гигантот од Амстердам во последните неколку сезони.

Тимбер на 109 натпревари за Ајакс досега има осум гола и шест асистенции. 21-годишниот одбранбен фудбалер беше стартер и на сите натпревари на „лалињата“ на Светското првенство во Катар кон крајот на минатата година. Неговата примарна позиција е централен дефанзивец, но може да се користи и како бек кога е потребно. Неговата вредност во моментот е околу 45 милиони евра.

Мексиканецот Едсон Алварез има два гола и две асистенции за тимот оваа сезона. 25-годишниот фудбалер одиграше и два натпревари за селекцијата на Мексико на Светското првенство. Неговата вредност се проценува на 35 милиони евра.

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен