Утрински Весник
Спорт

Ливерпул соопшти дека натпреварот со Манчестер јунајтед ќе се одигра според планираното

20250105141111 Big 730x400 37.webp.webp

Премиерлигашот Ливерпул излезе со соопштение во врска со натпреварот од 20. коло на Премиер лигата со Манчестер јунајтед.

– Денешниот натпревар со Манчестер јунајтед ќе се одигра според планот (17:30 часот). Претходно беа одржани два безбедносни состаноци за да се проценат временските услови и условите за играње. Им благодариме на сите што ни помогнаа да бидеме домаќини на овој натпревар денес. Ако патувате на „Енфилд“, ве молиме внимавајте дополнително. Со нетрпение очекуваме да се сретнеме таму, напиша прес-службата на клупската социјалната мрежа.


Претходно беше соопштено дека натпреварот може да биде откажан поради обилните снежни врнежи. Пистите на аеродромите во Манчестер и Ливерпул беа привремено затворени.

Ливерпул е на првото место во Премиер лигата со 45 бодови од 18 натпревари. Манчестер јунајтед има 22 бода од 19 натпревари и се наоѓа на 14. место.

Можете да прочитате

Осака водеше, а потоа во солзи го предаде финалето

Кари испиша историја во НБА, Оклахома го подобри рекордот на франшизата

Јокиќ најдобар играч во Европа за 2024 година