Килијан Мбапе го напушта клубот по седум години минати во ПСЖ. Катарскиот емир Шеик Тамим бин Хамад Ал Тани пред четири дена му постави ултиматум на семејството на Мбапе.
Најскапоплатениот играч на ПСЖ мора или да го продолжи договорот што му истекува следното лето или да си замине до крајот на месецот. Трета опција нема затоа што ПСЖ не помислува да ја пушти суперѕвездата која ја плаќа вртоглави 72 милиони евра годишно без обештетување.
Познато е во кој клуб Мбапе сака да се приклучи и преговорите со Реал Мадрид се веќе во тек.
Сепак, Марко Кирдемир, агент на ФИФА, добро упатен во ситуацијата со Мбепе, близок до неговото опкружување, тврди дека Ливерпул сериозно се вклучува во трката.
„Ливерпул сака да плати 250 милиони евра и 50 милиони преку бонуси за Мбапе. Англискиот клуб влезе во борба со Реал за него. Одлуката и изборот се на Мбапе“, изјави фудбалскиот агент.