Утрински Весник
Спорт

Ливерпул и Тотенхем заинтересирани за Шкриниар

Ливерпул и Тотенхем заинтересирани за Шкриниар

Ливерпул и Тотенхем се подготвени да дадат достават понуда за дефанзивецот на Интер, Милан Шкриниар. Словачкиот репрезентативец важи за еден од најдобрите централни дефанзивци во Италија откако им се приклучи на „нероаѕурите“ во јули 2017 година.

dobivaj vesti na viber

Договорот на Шкриниар на „Џузепе Меаца“ истекува на крајот од сезоната и тоа доведе до многу шпекулации за неговата иднина. Италијанскиот вицешампион сака да го задржи еден од своите клучни играчи и веќе му понуди нов договор, но засега не е постигнат конечен „дил“.

Шкриниар забележа 236 настапи за клубот, освојувајќи ја титулата во Серија А, Копа Италија и во Суперкупот на Италија со Интер.

Покрај Ливерпул и Тотенхем, во трката за Шкриниар се и Манчестер Јунајтед, Њукасл и Пари Сен Жермен.

Можете да прочитате

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026

Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата