Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп има желба, на крајот на сезоната да го ангажира фудбалерот на Лацио Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Примарна цел на Клоп е фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, но англискиот репрезентативец е прескап за клубот од „Енфилд“.
Менаџерот на Ливерпул затоа ќе се обиде да ги убеди клупските челници да испратат понуда до Лацио за Милинковиќ-Савиќ.
Британските медиуми проценуваат дека овој трансфер би можел да го чини Ливерпул околу 50 милиони евра, иако првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито бара 100 милиони евра.
Милинковиќ-Савиќ е член на Лацио од 2015 година, а претходно настапуваше за Војводина и Генк. Српскиот фудбалер има договор со римскиот клуб до 30 јуни следната година.
„Трансфермаркт“ тврди дека Милинковиќ-Савиќ вреди околу 60 милиони евра, а за српскиот фудбалер интерес покажале Арсенал и Јувентус.