Утрински Весник
Спорт

Литванија трет противник на македонските кошаркари во квалификациите за ЕП 2025

20241121085459 Big 730x400 16.webp.webp
Dik 300x250 mk

Македонската кошаркарска репрезентација ги продолжува квалификациите за Евробаскет 2025. Во ноемврискиот циклус, противник на „црвено-жолтите“ е селекцијата на Литванија. 

Литванците се фаворите на двете средби, но од таборот на нашата репрезентација ветуваат максимална борбеност за секоја топка и искористување на секоја шанса. 

Селекторот Александар Јончевски за првиот меѓусебен дуел ќе ги нема на располагање Ненад Димитријевиќ, Ти-Џеј Шортс и Итан Хап.

Првиот натпревар ќе се игра вечер од 18 часот во СРЦ „Кале“, додека реваншот е закажан за 24 ноември. По две кола во групата Х, Естонија е прва со 4 бодови, Македонија и Литванија имаат по 3, Полска е последна со 2 бода.

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето