Неодамна беше објавен првиот дел од листата на најдобрите светски ресторани (од 51. до 100.) за 2023 година, а сега е објавено кој се наоѓа на првите 50 места.
„Централ“ во Лима (Перу) е на врвот на листата, потоа следат „Дисфрутар“ во Барселона (Шпанија), „Диверксо“ во Мадрид (Шпанија), „Асадор Еткебари“ во Баскија (Шпанија) и на петтото место е „Алхемист“ во Копенхаген (Данска).
„Централ“ Лима
„Дисфрутар“ Барселона
„Диверксо“ Мадрид
„Асадор Еткебари“, Баскија
„Алхемист“ Копенхаген
Вечерата овде чини 600 евра по лице, а места се резервираат за секунда.
На шесто место е ресторанот „Маидо“ во Лима (Перу), понатаму до број 10 се „Лидо 84“ во Гардоне Ривиера (Италија), „Атомикс“ во Њујорк (САД), „Квинтонил“ во Мексико Сити (Мексико) и на десетто место е „Тејбл“ во Париз (Франција).
Меѓу првите 50 се ресторани во Дубаи, Бразил, Мексико, Сингапур, Тајланд, Италија, Австрија, Аргентина, Шпанија, Британија, Франција, Шведска и Швајцарија.
Словенскиот „Хиша Франко“ под водство на Ана Рош е на 32. место, а на 31. е шпанскиот „Мугариц“ кој со децении е на оваа престижна листа.
Изборот на 50 најдобри ресторани во светот се одржува од 2002 година. Благодарение на панелот од 1.080 кулинарски експерти и структурираниот, ревидиран процес на гласање, годишната листа на најдобри светски ресторани ги издвојува некои од најдобрите дестинации за уникатни кулинарски искуства и е барометар за глобалните гастрономски трендови.
Во далечната 2002 година, британското списание Restaurant, водечка публикација посветена на угостителство во Велика Британија, одлучи да направи листа на најдобрите светски ресторани врз основа на советите на 150 експерти. Следната година, истиот тим одлучи да организира прослава за да го одбележи прогласувањето на 50-те најдобри светски ресторани. Така се роди познатата листа.
Овој систем е усовршен со текот на времето. Најпрво порасна во панел од 300 експерти, а потоа до повеќе од илјада. Набргу потоа, листата на 50 најдобри ресторани во светот беше независно составена од магазинот Restaurant. Светот е поделен на 27 гласачки региони. Комитетот во секој регион е составен од писатели и критичари за храна, готвачи, ресторани и хранители, секој со по 10 гласа.