Утрински Весник
Македонија

Лисиче и Карпош најзагадени – воздухот нездрав за дишење

Whatsapp image 2025 07 09 at 16.22.59.jpeg

Скопје денеска се соочува со алармантно ниво на загаденост на воздухот, а најкритични точки се населбите Лисиче и Карпош. Според податоците од Air Quality Portal, индексот на квалитет на воздухот (AQI) во Лисиче во 16:00 часот изнесувал 152, што се класифицира како „нездрав“ воздух според меѓународните стандарди. Главен загадувач е PM2.5 – ситни честички опасни за човечкото здравје, чие ниво е измерено на 57.1 µg/m³.

Слична е состојбата и во Карпош, каде граѓаните пријавуваат силен мирис на чад и задушливост, како последица на активните пожари што го обвиле Скопје со густ чад.


Метеоролошките услови дополнително ја влошуваат ситуацијата – ветер со брзина од 17.4 км/ч ги разнесува штетните честички низ поширокиот дел на градот, додека релативната влажност изнесува 38%, што придонесува за сув и непријатен воздух.

Можете да прочитате

Јавноста шокирана: Дете врзано со јажиња – МВР преземаат мерки

Владата задоцни, народот сам гаси, Димитриевиќ од Дојран со жестока критика

Армијата активно е вклучена во гаснењето на пожарите на територијата на државата