Утрински Весник
Македонија

Лишен од слобода криумчар на мигранти, пронајдени три лица од Египет и три лица од Алжир

Migranti 1.jpg

На 23.02.2026 околу 21:30 часот на бензинска пумпа на автопатот Скопје- Куманово, полициски службеници го лишија од слобода О.К.(33) од Турција, затоа што со возило „шкода“ со косовски регистарски ознаки, превезувал шест лица мигранти, тројца од Египет и тројца од Алжир.

Претходно, на наплатната станица Романовце, тој не застанал на даден знак од полициските службеници, но по преземени мерки возилото е пронајдено, О.К. е лишен од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


Можете да прочитате

ВЛЕН: Албанците не се алатка. Албанците се закон

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

Мицкоски: Бугарија нема да го смени ставот без силна реакција од ЕУ