Утрински Весник
Магазин

Линдзи Лохан стана мајка

Линдзи Лохан стана мајка

Актерката Линдзи Лохан го доби првото дете со сопругот Бадер Шамас.

dobivaj vesti na viber

Линдзи (37) и Бадер (36) имаат син, соопшти нејзиниот портпарол во понеделникот. Тој воедно го откри и името на новороденчето, Луаи.

На арапски, името Луаи значи „штит“ или „заштитник“.

Бебето е родено во Дубаи, каде што живее парот, но не е наведен точниот датум на раѓање.

Пред неколку месеци Линдзи на социјалните мрежи сподели фотографија на бебешко боди со порака „наскоро“, откривајќи им на своите фанови дека е бремена. „Благословени сме и возбудени“, напиша таа во описот на објавата во март.

Актерката и финансиерот ја објавија својата романса во февруари 2020 година, а во ноември истата година тој ја запроси.

Таа сподели фотографии од свршеничкиот прстен, покрај кои напиша: „Мојата љубов. Мојот живот. Моето семејство. Мојата иднина.“

Двојката тајно се венчаше во април 2022 година, но Линдзи чекаше до јули истата година да потврди дека се венчале.

 

Можете да прочитате

Пет хороскопски знаци со најголеми шанси за голема љубов во 2026 година

Совети и трикови како да си го олесните првиот триместар од бременоста

Две навики кои може да го спасат вашиот брак по 40-тите години