Утрински Весник
Спорт

Лина Ѓорческа се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучрсот во Србија

Lina Gjorceska.jpg

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучрс турнирот W75 Куршумлиска Бања, Србија.

Ѓорческа во денешниот четвртфиале меч ја совлада Далила Јакуповиќ од Словенија со 2:0 во сетови 6:4, 6:3 за 80 минути игра.

В сабота во полуфиналето Македонката ќе игра против Лола Радивојевиќ од Србија, која денеска немаше меч бидејќи нејзината сонародничка Нина Стојановиќ го предаде мечот без борба.

Можете да прочитате

Пораз на македонските фудбалерки на стартот на мундијалските квалификации

У17: Втора победа на македонските фудбалерки во евроквалификациите

Каратистите на Макпетрол освоија четири медали на балканијадата во Бања Лука