Утрински Весник
Македонија

Лимани од Самитот во Турција: Внесувањето на родовата перспектива во креирањето на вештачката интелигенција има големо значење во градењето на еднакво општество за сите

Img 20241108 Wa0008.jpg

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во рамки на работната посета на Република Турција, денеска учествуваше на шестиот Меѓународен самит за жените и правдата, кој оваа година е со тематски наслов – Жените во ерата на вештачката интелигенција (ВИ): Растечки предизвици и зголемени можности.

Самитот беше на највисоко ниво, со присуство на Претседателот на Република Турција, Таип Реџеп Ердоган, првата дама на оваа земја, Емине Ердоган, Министерката за семејство и социјални услуги, Махинур Оздемир Ѓокташ, учествуваа министри од повеќе земји и претставници на Здружението жени и демократија (KADEM).

Домаќин на настанот беше Министерството за семејство и социјални услуги со поддршка на  Здружението жени и демократија (KADEM).

За време на панел дискусијата министерот Лимани се осврна на неколку клучни работи. А тоа е дека, Република Северна Македонија сериозно работи на подготовките за влез во Европската Унија приближувајќи ги своите институции и законодавство кон нејзините стандарди. Како и дека особено внимание му се посветува на корпусот прашања за човековите права и слободи како и еднаквите можности за секој граѓанин.

„Владата на Република Северна Македонија насочено работи и на полето на родовата рамноправност свесна дека вистинската демократизација на земјата не е можна без целосно и непречено вклучување на мажите и жените во сите општествени текови. Треба да вложиме повеќе напори во отстранување на пречките за жените и девојките за еднаков пристап до правдата, како што се културните бариери, стравот и недовербата во судскиот систем или дискриминаторските ставови и сексистичкото однесување во правосудниот систем,” порача Лимани.

Тој се осврна на неодамнешниот извештај за имплементацијата на Препораката од 2019 година на Советот на Европа кој покажа дека и покрај одреден напредок, треба да ги интензивираме нашите напори на многу нивоа како што се образованието, (дигиталните) медиуми, културата, академската и професионалната ориентација со цел да се бориме против сексизмот и да прекинеме со родови стереотипи.

Во насока на имплементација на прифатените и ратификувани документи за родова еднаквост и човекови права, министерот Лимани истакна дека државата ќе работи на внесување на родовата перспектива во креирањето на вештачката интелигенција.

„Темата за жените и вештачката интелигенција е многу важна бидејќи во оваа област има значајни предизвици и месности за жените. Во технолошката индустрија во Северна Македонија, жените сеуште се соочуваат со родов јаз во однос на вработување напредок и видливост а вештачката интелигенција овие прашања може да бидат уште понагласени поради комплексноста на самата област. Затоа е потребно преку соработка со релевантни институции во државата и регионот да ги преземеме позитивните пракси преку реализација на вакви и слични настани,” посочи Лимани.

Можете да прочитате

ВРЕДИ: За ДУИ Нема дно кое може да го пробие

Мицкоски и Меџити на средба со директорот на ЕИБ Бјорн: Владата искрено се залага за зајакнување на општините низ целата држава

Перински во Словенија: Љубљана е пример кој треба да го следиме во насока на функционален град и задоволни граѓани