Пишува: Проф. д-р Иван Анастасовски
Многу ретко ќе прочитате статија за тоа каков е односот на политичар/ка кога е во опозиција “ви за ви“ неговиот однос кога е власт. Политиката сам по себе претставува интересова заедница каде секој еден претендира да биде власт и да управува со државата на база на одговорност добиена од страна на гласовите на граѓаните, а граѓаните се тие кои ја имаат таа можност да ја доделат или да ја одземат власта, што значи дека граѓаните се тие кои се значаен фактор за тоа дали ќе бидете власт или опозиција. Оваа наведува на податокот дека политичар/ка е одговорен пред граѓаниот, но за жал кај нас истиот тој политичарот милува да биде блиску до народот и да го слуша условно неговиот глас само кога е во опозиција, нормално тогаш му е полесно, ја нема одговорноста а при тоа има време на располагање колку што ќе посака. Во македонската политичка сцена оваа веќе станува некаков вид на “бренд“ додворување со цел да се дограбите до власт дури и со користење на методи како што се одење на слави, свадби, погреби да дури седнување во локални кафетерии секој ден за да бидат видени и поблиску до граѓаните. Оти е тоа така, факт е тоа дека кога е во опозиција политичар/ка не е во состојба да ги задоволува потребите на избирачот и во таков случај многу е полесна комуникацијата со избирачот, ветува а при тоа нема одговорност за искажаниот збор и секогаш се повикува на тоа дека другата политичка групација е на власт и дека со промена тој ќе ги промени состојбите.
Познавам политичари/ки кои уживаат да се во опозиција каде имаат лежерна позиција за себе а при тоа немаат никаква одговорност. Но исто така познавам и политичари/ки кои практикуваат власт со високо ниво на одговорност во начинот на своето делување и комуницирање со граѓаните. Во принцип во нашата политичка сцена многу ама сериозно многу е мал процент на оние политичари/рки кои манифестираат идентичен однос кон граѓаните но и кон процесите и во период кога се на власт но и во период кога се во опозиција. Тој манифестен однос на одговорност кон граѓаните не разликува идеологија или боја на партија тој едноставно се базира на перформансот на политичарот/ка да се носи со тоа дека е одговорен и кога е на власт но и кога е во опозиција. Тој однос на нашиот политичар/ка исто така зависи и од видот на професијата (ако воопшто ја има) поединецот.
Што мислам со ова, ако политичарот е исклучиво посветен на политичкиот ангажман и тешко дека може да работи нешто друго оти нема своја професија тогаш секој негов потег е чиста калкулација со политичката кариера и страв од губење на истата, наспроти тоа ако политичарот има свој друга професионална кариера каде може во секој миг да се врати и посвети на неа, тогаш калкулациите на овој тип на политичар/ка се сосема поинакви да не речам истиот е растеретен од можност да губење или добивање на власт. На пример, кога сте власт се дограбувате до фотељата која претставува сериозна моќ преку која може да се управува со нашите животи, да се манипулира со луѓето, да се поставува и разрешува секој еден поединец, да се одмаздува, одмаловажува политичкиот противник со што тоа на политичар/ка му дава додадена вредност на ароганција за која и самиот тој/таа не е свесен.
Од друга страна политичката партија која нема одворност и е во опозиција секогаш настојува да регрутира нови сили а при тоа не водејќи сметка дали тие личности имаат капацитет, па одат чекор подалеку и од личности без професија или пак без опшетствена вредност прават авторитети (во најголем процент лажни) и им ги сервираат на електоратот. Електоратот пак во најголем процент ќе мора да голта тоа што партијата ќе му сервира, без при тоа рационално да расудува дали некоја личност е вредна или не за да му се даде нашиот глас а со самото тоа и нашите животи на управување. Во суштина сето ова толку едноставно и народски кажано е тоа дека најголем дел од политичарите/рките имат едно поведение додека се во опозиција наспроти поведението кое го менифестираат кога се на власт.
Удобноста на позицијата од власт не му дозволува на политичар/ка да ја согледува реалност т.е. да се соочува со реалноста. Ако некој политичар/ка за кој навивате во политиката ви е на располагање 24 часа на ден кога е во опозиција, верувам а и самите сте почуствувале дека кога политичарот е на власт (со должна почит кон државите обврски кои ги имаат) е период која ликот на политичар/ка (има исклучоци) не сака да чита пораки (не се сите за вработување има и за нови идеи) не крева телефон (не е секој повик за вработување има и за идеи) веројатно мејлови и не отвораат.
Но имам и едно посебно чувство овде дека постои влијание на локалниот сегмент во кој што живее и доаѓа политичарот/ката а со тоа и манифестира и различно поведение. На пример, нашите политичари/ки од општина Куманово без оглед на локално и централно ниво се отворени за соработка и се контактибилни што е за поздравување без оглед на нивниот процент на реализација на барањата од електоратот.
Би сакал да укажам дека секој еден кој претендира да биде политички активен мора сериозно да поработи на сопственото поведение наспроти наредбите од партијата оти еден ден нема да биде таму кај што е во даден момент (власт) и нема да ужива авторитет кој го има само благодарение на политичката функција, е тогаш ќе бидат свесни но ќе биде доцна.
Затоа почтуван/а поличар/ка бидите свои и кога сте опозиција и кога сте власт.