Утрински Весник
Спорт

Ликот на Меси на банкнота од 1.000 пезоси

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!
Dik 300x250 mk

Аргентина со денови ја слави третата светска титула. Лионел Меси и екипата, во неделата го освоија Мундијалот во Катар, откако во драматичното финале во пенал-рулетот ја совладаа Франција.

dobivaj vesti na viber

„Ел Финансиеро“, пишува дека Централната банка на Аргентина е подготвена да го стави ликот на Лионел Меси на банкнотата од 1.000 пезоси, но не само тоа! Бројот 1.000 ќе започне со десетка која ќе биде иста како онаа на дресот на Меси, на предната страна на банкнотата ќе стои насмевката на Лео, а на задната страна ќе пишува „Ла Скалониета“, кој е прекарот на тимот откако Лионел Скалони го презеде во 2018 година.

Под водство на Скалони, тимот ја освои Копа Америка во 2021 година, како и Мундијалот во Катар.

Тоа не би било првпат ликовите на аргентинските фудбалери да завршат на банкнота, во 1978 година, по освоената светска титула, банкнота доби тимот предводен од Марио Кемпес и Даниел Пасарела.

Во јавноста протекоа и фотографии од наводното решение за оваа банкнота, па погледнете како би изгледал предлогот за неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The SoccerGator Sports Company (@thesoccergator)

Можете да прочитате

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите

Струга го претрпе првиот пораз во шампионатот

Дејан Манасков не се враќа во репрезентацијата