Утрински Весник
Македонија

„Лидл“ гради објект и во Аеродром, најавено ново поглавје во малопродажбата

20250903115017 big 730x400 91.webp.webp
Dik 300x250 mk

Во Реонскиот центар во општина Аеродром денеска е поставен камен-темелник на нов малопродажен објект на германската компанија „Лидл“. Новиот објект на „Лидл“ на парцела покрај булеварот „Видео Смилевски- Бато“  ќе се протега на површина од 3.438 метри квадратни со модерен продажен самол од 1200 метри квадратни и 57 паркинг места.

-Ова не се само бројки туку порака дека компанијата влегува сериозно на македонскиот пазар со визија за долгорочен раст и развој, рече премиерит Христијан Мицкоски во обраќање на свеченоста. 


Според Мицкоски, со оваа инвестиција Македонија добива нова енергија и нови работни места и е потврда дека сме вистинска дестинација за инвеститорите. Овој проекет, оцени, е почеток на ново поглавје во малопродажбата со нови стандарди, со поголема конкуренција и подобри услови за граѓаните. 

Мицкоски потсети дека инвестицијата на „Лидл“ во Македонија се одолговлекуваше и беше заглавена, но оти по изборот на Владата е откочена и ставена меѓу првите прироритети.

– Менаџментот на Лидл ја прифати нашата  забалеша за  зголемување на застапеноста на домашното проиозводство и на македонските производи на полиците на „Лидл“, што е од исклучителна важност затоа што со тоа се поддржува локалната економија и се грди доверба кај потрошувачите дека македонското  е најдобро. Македонски производи не само што ќе се наоѓаат на полиците на „Лидл“ во Македонија, туку вече се на полиците на „Лидл“ во околните земји. Во 2024 година извозот беше  5 милиони евра, а годинава очекуваме да достигне 10 милиони евра и да продолжи да расте, рече Мицкоски.

Компанијата „Лидл“ интензивно го гради и првиот продажен објект во Скопје којшто се наоѓа на просторот каде порано се наоѓаше „Бриколаж“ во општина Гази Баба. 

Можете да прочитате

Стевчо Јакимовски: Да беше Пинокио, носот ќе му удреше во крстот на Водно!

Родители на деца со попреченост утре ќе протестираат пред Собранието

Лишен од слобода скопјанец кој пукаше синоќа со пиштол во Чаир