Утрински Весник
Свет

Лидерот на Хамас на средба со иранските претставници во Техеран

20240326084516 Big 730x400 44.webp.webp

Лидерот на Хамас Исмаил Ханија денеска ќе го посети Техеран на средба со иранските претставници, еден ден откако Советот за безбедност на ОН усвои резолуција за итен прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и палестинската група, објави официјалниот ирански телевизиски канал Прес ТВ.

Иран е на страната на „Хамас“ во војната со Израел, која трае веќе речиси шест месеци, а во која загинаа повеќе од 32.000 Палестинци во Газа.

Ова ќе биде втора посета на Ханија на Техеран по избувнувањето на вооружениот конфликт на 7 октомври.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи ја оцени вчера усвоената резолуција од Советот за безбедност на ОН како „позитивен чекор“. „Но, уште поважен чекор ќе биде да се обезбеди ефикасно спроведување (на резолуцијата)“, посочи претставникот на дипломатскиот оддел.

Хамас ја поздрави резолуцијата на Советот, но истакна дека прекинот на огнот треба да биде траен, а не само за ограничен временски период.

Соединетите Американски Држави се воздржаа од гласањето во ОН, што ги затегна односите со нивниот сојузник Израел.

Можете да прочитате

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија

Пекинг со тврдење дека ниту САД ниту Кина нема да имаат корист од трговска војна