Утрински Весник
Македонија

Лидерот на Алијанса на Албанците на средба со албанскиот претседател Бегај

Лидерот на Алијанса на Албанците на средба со албанскиот претседател Бегај

Претседателот на Алијансата за Албанците, д-р. Арбен Таравари беше примен од претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, средба која беше оценета како плодна и братска, потврдувајќи ги пријателските односи меѓу двете земји, со заложба за нивно продлабочување.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Таравари беше придружуван од сопартијците Исен Шабани – градоначалник на општина Врапчиште и Артина Ќазими, Абдула Салиу и Сирија Рашиди – пратеници во Собранието на РСМ.

„Честитајќи му за изборот во функцијата, му се заблагодарив на претседателот Бегај за незаменливата улога на Албанија во регионалната соработка, вклучувајќи ја и примерната солидарност со соседите на нашиот заеднички пат кон Европската унија. Му честитав за покажаното лидерство на Република Албанија на меѓународен план, што се докажува и со организирањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан на 6 декември, историски настан за Тирана и за целиот регион“ – изјави Таравари по средбата.

На оваа средба се разговараше и за зајакнувањето на регионалната соработка на Западен Балкан, при што беше потенциран напредокот постигнат во Берлинскиот процес и заедничкиот регионален пазар, а беа разгледани и многу прашања од заеднички интерес, како што се Заедничкиот буквар и Куќата на Азбуката во Битола.

„Побарав од претседателот да се заложи за спас на ова албанско духовно наследство од пропастот што беше најавено пред извесно време. Разговаравме и за реализација на некои други стратешки проекти за нацијата, како што се железничката пруга Кичево-Лин и Патот на Арбр“ – нагласува Таравари.

Можете да прочитате

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија