
Макрон во пристанишниот град Пафос ќе се сретне со кипарскиот претседател Никос Христодулидис и со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, каде ќе разговараат за регионалната безбедносна состојба.
„Ова патување има за цел да ја изрази солидарноста на Франција со Кипар“, соопштија денеска извори од Елисејската палата во Париз.
Според кругови блиски до Елисејската палата, состанокот ќе послужи и за координација на напорите за поддршка на операциите за репатријација.
Како знак на поддршка за Кипар, неколку европски земји го засилија своето воено присуство во регионот, вклучувајќи ја и Франција, која веќе распореди три од своите најголеми воени бродови.


