Лидерите на Европската Унија денеска во Прага се согласија да обезбедат поголема финансиска и воена помош за Украина, но не дојдоа блиску до одлука за тоа дали и како да се ограничат цените на гасот, објави Ројтерс.
Повеќето членки на ЕУ сакаат ограничување на цените на гасот, но не се согласуваат околу деталите, па опциите вклучуваат ограничување на целиот гас, „динамичен коридор“, ограничување на цената на гасот што се користи специјално за производство на електрична енергија или само руски гас.
„Сите се согласуваат дека треба да ја намалиме цената на струјата, но нема договор кои инструменти да ги користиме за таа цел“, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки, пренесе „Танјуг“.