Утрински Весник
Македонија

Личниот адвокат на Мицкоски и кум на Јанушев, Тошковски е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за прв човек на МВР во техничката влада

Img 8264
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Адвокатот Панче Тошковски ќе го предводи Министерството за внатрешни работи во техничката влада, како предлог номиниран од ВМРО-ДПМНЕ потврдија вечерва од партијата.

Инаку Тошковски е претседател на правната и статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ и близок соработник на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Впрочем Тошковски го застапува Мицкоски речиси на сите тужби што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги покренува.

Одредени медиуми пишуваа дека канцеларијата на Тошковски добивала огромен број на предмети од Водовод и канализација кога Данела Арсовска станала градоначалничка на Скопје, а јавното прептријатие го водеше Златко Перински од ВМРО-ДПМНЕ.

Тошковски, исто така е во кумовски врски со екс генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ а сега пратеник, Игор Јанушев

Можете да прочитате

Планиран прекин на струја утре во делови од Тетово и селото Доброште

Алармантно: Млади на 9 години пушат цигари, а пијат алкохол на 13 години

Уапсен скопјанец баран со потерница