Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Левски побара од навивачите да нема расизам, ксенофобија и политички пароли на мечот со Шкупи

Левски побара од навивачите да нема расизам, ксенофобија и политички пароли на мечот со Шкупи
Img 7972

Бугарскиот клуб Левски вечерва (19 часот) го пречекува македонскиот претставник Шкупи во реванш меч од второто квалификациско коло во Конференциската лига. Раководството на клубот побара од навивачите да бидат коректни и да нема разисам, ксенофобија, дискриминација и политички пароли.

dobivaj vesti na viber

„Вечерва не очекува уште една важна битка во Европа. Ве очекуваме на стадион да создадеме заедништво – тим и публика, за уште еден незаборавен „син“ празник.
Ве повикуваме да го поддржите вашиот омилен тим денеска против Шкупи без изрази на расизам, ксенофобија, дискриминација и политички пароли.
Бараме да не користите забранети симболи и пиротехнички средства кои можат да му донесат големи казни на клубот. Потсетуваме дека по првата средба во Скопје, Левски е во опасност да затвори дел од стадионот за следниот меч кога ќе биде домаќин во европските натпреварувања. Поддржете го вашиот омилен тим само со дозволени средства.
Само Левски“, напишаа од клубот.

Левски има предност од 0:2 по првиот натпревар против Шкупи одигран во Скопје минатиот четврток.

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај