Утрински Весник
Економија

Левизја: Срамота е да се промовира зголемување на платите за 16,1% во време кога инфлацијата е 14,2%

„Огнените“ сношти се собраа во Студеничани

Новото Движење (Левизја) на Изет Меџити кое официјално ќе биде формирано на 13 август, денеска излезе со соопштение со став на партијата за покачувањето на платите.

dobivaj vesti na viber

-Во последните неколку дена гледаме пофалби од Владата дека просечната плата е зголемена за 16,1%, во период кога инфлацијата беше 14,2%, исто така ова зголемување доаѓа главно како резултат на само неколку сектори како што е ИТ секторот, но тоа не значи дека има пораст во целата економија, велат од Движењето.

Тие додаваат дека вистинското прашање е: Колку до денес е зголемена просечната плата на мнозинството граѓани, на оние кои се вработени во јавната и државната администрација, колку е зголемена платата на вработените во јавните претпријатија?

-Одговорно може да се констатира дека за мнозинството граѓани нема зголемување на животниот стандард, за обичниот граѓанин дури има континуирано осиромашување, велат од Oдделот за економија на новото Движење.

Можете да прочитате

Николоски: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево 

Премиерот Мицкоски со владина делегација во Давос, фокус на економскиот раст, енергетиката и стратешките инвестиции

Почнува Светскиот економски форум во Давос