Утрински Весник
Македонија

Левицата: Нема да дозволиме богатење на грбот на работниците, ние сме последен удар против корпоративната диктатура на СДС

Левицата: Нема да дозволиме богатење на грбот на работниците,  ние сме последен удар против корпоративната диктатура на СДС

Во овој момент, народот заедно со Левица во институциите се бори против најголемиот грабеж во историјата и најсилниот директен напад врз народните права и слободи. Без да заборавиме, повторно имаме потсетник од оние кои сакаат да уништат сѐ за кое работниците се бореле, истакнуваат од оваа партија.

dobivaj vesti na viber

„Анти-европската партија СДС, која се залага за поробување на нашите работници, злоупотребувајќи го европското знаменце насилнички и против Уставот на Република Македонија продолжува со шверц на закони за корпоративен феудализам. Кога се соочуваме со крајно тешки времиња и историска кризи во која обичните луѓе се доведени до борба за преживување, СДС активно се обидува целосно да го одземе достоинството на нашиот народ“, велат од Левица.

За удоволување на корпоративните интереси бесрамно, како што велат, ја компромитираат европската интеграција и оправданоста на инструментите за правно усогласување.

„Обидите за воведување на 60 часовна работна недела ги заобиколуваат цивилизациските норми на овој век, но, ненаситната власт ќе направи сѐ да ги ограничи правата на работниците.
Како партија на трудот, Левица нема да дозволи на овие грабливци и злосторници без отпор да се богатат на грбот на работниците. На борбените линии против корпоративните паразити од СДС и ДУИ нѐ обединува класниот и националниот интерес – спротиставени против нелегитимните рехабилитатори на фашизмот и острицата на корпоративната диктатура“, се потенцира во пишаниот допис од страна на Левицата.

Можете да прочитате

„Срамно, Јаневска направи хаос со образовните асистенти на сметка на најранливите ученици“, велат од СДСМ

ДУИ: Невработувањето на 155 медицински сестри во тетовската клиничка болница е срамен

ВМРО-ДПМНЕ: „Шукова прифати да ја игра улогата на слуга на Заев и на Филипче и да се движи кон сигурен пораз“