Утрински Весник
Македонија

„Левицата“: „Метларките“ пензионирани, Аеродром се дави во ѓубре

„Левицата“: „Метларките“ пензионирани, Аеродром се дави во ѓубре
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Општина Аеродром никогаш не била понечиста. Ако деновиве поминете низ урбаниот дел на општината, по паркинзите и пред зградите, ќе забележите валкани плочници и неисчистени тротоари и паркинзи, се вели во реакцијата на партијата Левица упатена кон градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

dobivaj vesti na viber

„Предходниот градоначалник од редовите на СДСМ, Златко Марин, потроши речиси 500 000 евра за набавка на таканаречените „метларки” од фирмата „Брако” на Анѓушев (блиска до СДСМ), а истите воопшто не се користат. Неговиот наследник од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, секоја година од општинскиот буџет издвојува по 10 000 евра за нивно сервисирање, но како да му е страв да ги извади на терен“, се истакнува во реакцијата.

Прашуваат дали позади оваа негрижа околу чистењето на јавните површини повторно се крие некаков договор со надворешна фирма како што е случајот за ангажирање на надворешна фирма, за уредување на зелените површини, со цел да се испумпаат пари од општина Аеродром.

Можете да прочитате

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен

Мицоски: За мене Македонија е свето име