Утрински Весник
Македонија

Левица: Зошто власта го крие идентитетот на вработените во Министерството за односи меѓу заедниците?

Levica.jpg

Новиот министер за односи меѓу заедниците предложен од страна на ДПМНЕ, Иван Стоилковиќ, пред околу еден месец како дел од својата ПР – стратегија за тоа „колку работи” новата Влада, до македонската јавност пред медиумите го покажа списокот на вработени во поранешното министерство на Артан Груби, којшто се чуваше како државна тајна. Идентитетот на тие вработени, власта продолжува да го крие.

Секторот за Политички систем на #Левица за да ја истражи валидноста на оваа наводна транспарентност, испрати барање за информација од јавен карактер до Министерството за односи меѓу заедниците, за тоа кои се: раководителите, вработените и советниците во Министерството, а ги побара и нивните службени е-адреси, бидејќи противзаконски, не се достапни на веб-страницата на Министерството.

Министерството за односи меѓу заедниците законски е обврзано во рок од 20 дена да даде повратен одговор за тоа кои се луѓето во тајност коишто добиваат плата од народниот буџет и што точно тие сработиле сите овие години претходно. 

Но, како и до сега, не добивме никаков одговор од новото раководство, заради што ќе биде поднесена соодветна жалба до Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Поради тоа, од Левица прашуваме: 

Зошто власта го крие идентитетот на вработените во Министерството за односи меѓу заедниците?

Евидентно е дека транспарентноста на новиот министер, Иван Стоилковиќ, е, единствено, за пред медиумите и истата наместо некакво решение, служи за дневнополитички поени коишто ја крепат ПР – стратегијата на ДПМНЕ. 

За жал, под привидот на некакви промени, најконтроверзното министерство, претходно раководено од Артан Грби, продолжува да функционира „како и до сега”, а списокот на вработени, бројот на луѓе што добивале плата без да одат на работа и останатите работи правени на сметка на граѓаните, засега, и покрај најавите за нивно расветлување, остануваат мистерија.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!