Утрински Весник
Македонија

Левица: Зошто Развојната банка одбива да даде листа на компании кои добиле средства од унгарскиот кредит – што се крие?

471576304 1409197620204194 1002114430318598273 n.jpg

Соопштение на Левица:

По побаран пристап до информации од јавен каратер – Развојната банка на Македонија одби да ја приложи листата на компании кои добиле средства од унгарскиот заем од 250 милиони евра што го обезбеди на брза трака Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, со образложение дека се работи за ‘деловна тајна’.


Во секоја правно и фискално уредена држава, средствата што ги позајмува Владата во име на граѓаните мора да бидат распределени на транспарентен начин и подложни на јавен надзор. Станува збор за јавен долг кој ќе се сервисира со пари на даночните обврзници (граѓаните), а не од приватен фонд на владејачката елита.

Криењето на имињата на компаниите кои добиле државна поддршка претставува сериозно отстапување од начелата на транспарентност, отчетност и еднаков пристап. Тоа отвора сомнежи за злоупотреба, клиентелизам и нефер распределба на јавни ресурси.

Доколку компаниите немаат што да кријат, зошто јавноста не смее да ги знае нивните имиња? Ако постои реална намера да се поттикне економскиот развој, тогаш целата постапка мора да биде отворена, а не скриена зад параванот на „деловна тајна”. Ова е прашање на јавна политика, а не на банкарски односи.

Ги потсетуваме институциите, особено Развојната банка, дека нивната основна функција е да дејствуваат во корист на јавниот интерес и економскиот развој, а не да штитат поединечни деловни интереси.

Левица бара итно објавување на целосната листа на компании кои добиле средства од унгарскиот заем, како и критериумите според кои тие биле избрани. Ќе ги искористиме сите расположливи правни и институционални механизми за да ја добиеме оваа информација, затоа што јавниот интерес не може да биде цензуриран.
Јавните пари подразбираат јавна отчетност.

Можете да прочитате

Вечерва голем пожар во фабрика во близина на Скопје

Собранието го избра Трајко Славевски за гувернер на НБРМ

Арсовска пристигна пред Град Скопје: Каде побегна Висар?