Утрински Весник
Македонија

Левица: Зголемен број на наставници, намален број на ученици – 73% од учениците се функционално неписмени

Levica.webp.webp

Соопштение за јавност на Левица:

Со години наназад бројот на ученици во македонските училишта опаѓа, а бројот на наставници континуирано расте. Само оваа година, споредено со претходната, во училиштата ширум Македонија биле ангажирани над 600 наставници повеќе. Во исто време, бројот на основци и средношколци се намалил за неколку илјади!


За жал зголемениот број на наставници не значи и поголем квалитет на образованието. ПИСА тестирањето јасно покажува дека дури 73,6% од учениците на 15-годишна возраст се функционално неписмени – не се оспособени да читаат со разбирање. Исто така, 66,2% не ја совладале математиката на основно ниво, а 65,3% не го разбираат основниот концепт од природните науки. Според извештајот на УНИЦЕФ, секое трето дете до 18 години е функционално неписмено! 

Во меѓувреме, просечниот успех на учениците расте, а сè помалку ученици одат на поправни испити или повторуваат одделение, што директно покажува дека оценките се девалвирани и не ја одразуваат реалната слика.

Ако земеме предвид дека бројот на млади во државата драстично опаѓа – за една деценија, од 2011 до 2021, бројот на деца до 18 години е намален за 18% – и ако од тие што останале секое трето дете е функционално неписмено, тогаш јасно е дека партиите на власт ја уништуваат иднината на Македонија. Ова е резултат на децениското владеење на ротирачките партии – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ – кои девастивирајќи го образовниот систем, го обезбедуваат сопственото владеење.

Ова не е само статистика, туку аларм за итна промена! Нужно е итно да се крене глас и да се бара одговорност од оние кои го доведоа образовниот систем до колапс! Ученици без книги, просветни работници без потребни квалификации, училишта што не исполнуваат никакви стандарди и кадаровската политика согласно потребите на партиите, доведе до пеплосување на образовниот систем, којшто наместо да гради, ја уништува иднината на учениците.

Можете да прочитате

Бројот 192 е во прекин – Еве каде може да пријавите доколку имате потреба

Левица: ДПМНЕ, ВРЕДИ И ЗНАМ не гласаа за 500 евра минимална плата – десничарската влада се однесува како античка олигархија

Соопштение од Д-р Пановски: Целосно е невозможно кој било фармацевтски компании тајно или јавно да договараат цени на лекови