Утрински Весник
Македонија

Левица: Законот за експлоатација на работниците останува закочен поради нашите амандмани

Одложена расправата за Законот за работните односи, Апасиев порача: „Страв им е пратеник на Левицата да дојде до говорницата“

Предлог-законот со кој пратениците на ДУИ и СДС предлагаат прекувремена работа на работниците, во случаите кои се од национален и стратегиски интерес (како проектот „Бехтел и Енка“) повторно не е ставен на дневен ред, поради блокадата на Левица.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на собраниската комисија, Елми Азири, потврди дека нема да ја закаже седницата на Комисијата за работни односи.

Од партијата велат дека во духот на насилничкото владеење на хибридниот режим, Азири најавил дека се бараат механизми за заобиколување на 1.111-те поднесени амандмани на пратениците од Левица.

„Овие амандмани беа поднесени со цел да спречиме легализација на феудалистичката експлоатација на македонскиот работник, предвиден со скандалозниот договор со „Бехтел и Eнка”, кој останува да биде таен за јавноста. Азири воедно се закани дека бараат начин како оваа наша блокада да ја заобиколат преку шверц на предлог-измените со европско знаме! Доколку криминалната власт на СДС и ДУИ се обиде на ваков начин, „со европско знаменце“ да го прошверцуваат законот, по падот на овој криминален режим ќе одговараат кривично, бидејќи со промените директно се крши одредбата која минатата година беше укината од страна на Уставниот суд“, велат од партијата.

Левица поднесе 1.111 амандмани измените на Законот за работните односи.

Можете да прочитате

Петровска: Се гази интересот на дете, мајката Невена беспомошна пред системот

Усвоена Декларација за одбрана на професионалното новинарство на годишното собрание на ЗНМ

Интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд на 9 јули ќе се најде на собраниска седница