Утрински Весник
Македонија

Левица: Воведување на една изборна единица е услов за поддршка на реорганизација на министерствата

Levica.jpg

Левица на денешната прес-конференција пред Собраниската седница ја потврди условната поддршка за предложените измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа.

Реорганизацијата која ја предлага новото мнозинство може да наиде на широк консензус, само доколку биде спроведена заедничката програмска заложба за воведување на една изборна единица која патем е препорака на мисијата на ОБСЕ која со години е игнорирана од секоја власт.

 „Затоа што препознаваме дека воведувањето на една изборна единица е приоритет за македонското општество, затоа што овој модел со шест изборни единици кои преку геримандеринг не ги уважува гласовите на македонските граѓани, потребно е веднаш да се донесе оваа измена”, истакна портпаролот на Левица и народен пратеник од Левица, Амар Мециновиќ на денешната прес – конференција.

 „Измената во една изборна единица е коментирана многупати од партиите и е на препорака на Мисијата на ОБСЕ во Р. Македонија во текот на многу години, во споредба со овие измени кои се прават без било каква дебата”, додава Мециновиќ.

Можете да прочитате

Во полиција задржани тројца кавадарчани, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца спречувале преземање на службени дејства

Гужви на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

Граѓаните за новото задолжување на Владата: Касата празна, животот мизерен, мора да се задолжуваме за да живееме (ВИДЕО)